Финансиска заштита за Вашето семејство
Бидете спремни за непредвидливи ситуации
Сигурна финансиска иднина за Вас
Осигурајте се себе, Вашите сопатници и Вашето возило
Заштитете го Вашиот дом изграден со љубов
Патувајте безгрижно со ГРАВЕ
Бидете спремни за непланирани ситуации
Сигурен домашен и меѓународен транспорт
Осигурување за одгворност кон трети лица
Пакети за осигурување за Правни и Физички лица
Образци, услови, извештаи, регистри
Осигурување на Ваша страна
190 години традиција,одговорност и посветеност
Вредности со кои создаваме сигурност за нашите клиенти
Постоиме повеќе од 190 години
Годишен и Ревизорски извештај
Организациска структура
ГРАВЕ партнери и застапници
Аплицирајте за работа и бидете дел од Граве тимот
Најнови известувања и актуелности
ГРАВЕ
ПАКЕТИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НАМЕНЕТИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
Имаме изготвено пакети за осигурување на различни дејности каде со една полиса се покриваат повеќе ризици-секции од повеќе класи на осигурување кои овозможуваат да одберете различни комбинации со кои ќе бидат задоволени Вашите барања и потреби. Во една полиса може да вклучите повеќе ризици, а со избрани најмалку 3 секции од пакетот добивате и попуст. Повеќе секции, поголем попуст.
Во секој пакет секцијата имот е задолжителна, а останатите понудени секции со покритија за осигурување, ги избирате Вие во согласност со Вашите потреби.
Комбинираните осигурувања се наменети за продавници и услужни дејности, здравствени установи, менувачници и хотели.
1.КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ХОТЕЛИ
- Со комбинираното осигурување на хотели се нуди осигурување на објектот, залиха и опрема од ризиците пожар и некои др.опасности, осигурување од провална кражба и разбојништво, осигурување на машини од кршење, осигурување на електронска опрема, осигурување од одговорност и осигурување од незгода на хотелски гости.
2.КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НA ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ
- Со комбинираното осигурување на здравствени установи се нуди осигурување на објектот, предметите во објектот, потрошниот материјал и залихата од ризиците пожар и некои др.опасности, осигурување на стакло од кршење, осигурување од провална кражба и разбојништво, осигурување на машини од кршење, осигурување на електронска опрема и осигурување на одговорност од дејност.
3.КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРОДАВНИЦИ И УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ
- Со комбинираното осигурување на продавници и услужни дејноси се нуди осигурување на објектот, предметите во објектот и залихата од ризиците пожар и некои др.опасности, осигурување на стакло од кршење, осигурување од провална кражба и разбојништво, осигурување на пари од кражба и при пренос, осигурување на машини од кршење, осигурување на електронска опрема, осигурување на стока при транспорт и осигурување на одговорност од дејност.
4.КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МЕНУВАЧНИЦИ
- Со комбинираното осигурување на менувачници се нуди осигурување на објектот, опремата во објектот од ризиците пожар и некои др.опасности, осигурување на стакло од кршење, осигурување од провална кражба и разбојништво, осигурување на машини од кршење, осигурување на електронска опрема, осигурување на пари при пренос и осигурување на фалсификат на странски средства за плаќање.